недела, 14 декември 2025

Приведен 54-годишен штипјанец откако под дејство на алкохол ја убил мајка си

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело убиство.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Рано утрово, во семејниот дом на улицата Страшо Пинџур во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, родена во 1941 година“, пишува во соопштението на ОЈО.

Како што наведуваат оттаму, делото го извршил по претходна вербална расправија, под дејство на алкохол од 2,43 грама промили во крвта, но бил свесен за стореното.

„Откако со ловечки нож и нанел убодна рана во пределот на вратот од која жртвата искрварила до смрт, настанот самиот го пријавил на телефонскиот број за итни случаи 112“, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ