вторник, 24 февруари 2026

Приватните автобуски превозници целосно се враќаат во градскиот превоз на Скопје

Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати.

Објавено на

часот

Сподели

Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ-опремата, односно ГПС-валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат безбедно, редовно и навремено да го користат јавниот превоз.

„Во однос на комуникацијата и соработката меѓу приватните превозници, ЈСП – Скопје и Градот Скопје, особено во финансискиот сегмент, сакаме да потенцираме дека состојбата е значително подобрена во споредба со пред неколку месеци. Само во изминатите три месеци, исплатени се вкупно 72 милиони денари, а од март месец се продолжува со континуирана и редовна исплата“, се вели во заедничкото соопштение од Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани.

Тие велат оти остануваат посветени на стабилен, функционален и сигурен јавен превоз и секојдневно работат на решавање на сите предизвици со кои се соочува системот.

Им се извинуваат на граѓаните на Скопје за непријатностите и ограничувањата кои настанале поради технички причини и им изразуваат благодарностз за трпението и разбирањето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ