четврток, 12 јуни 2025

Притворот на Крешник Бектеши, како осомничен за пожарот во Кочани, заменет со куќен притвор

Основниот суд Кочани го прифатил предлогот на Јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор и замена со поблага мерка, куќен притвор, за поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши. Судот сè уште нема одлучувано по останатите предлози на обвинителство за 19 лица, во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Основниот суд Кочани попладнево во изјава за МИА информира дека судија на претходна постапка одлучувал по предлогот за Бектеши, додека за другите се чека делегирање на член од Кривичниот совет и да се произнесат адвокатите по предлозите.

„По останатите предлози сè уште не е одлучено. До судот се доставени предлозите. Се постапува по истите, кога ќе има одлука јавноста ќе биде информирана“, изјави за МИА портпаролот на ОС Кочани.

Државното јавно обвинителство вчера соопшти дека до ОС Кочани освен предлогот за замена на  изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ за две лица, доставен е предлог и за продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор за 18 лица.

„Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка ‘куќен притвор’ за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки ‘притвор’ и ‘куќен притвор’. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува судот“, се наведува во соопштението.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи ноќта, на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ