Овој чекор означува почеток на поинтензивни градежни активности за еден од најзначајните капитални проекти во државата. Изведбата на ваков стратешки инфраструктурен зафат подразбира сложени и повеќеслојни процеси кои вклучуваат тесна координација со сите надлежни државни и локални институции, целосно усогласување со законските процедури и меѓународните регулатива, бескомпромисно почитување на највисоките стандарди за безбедност при работа и заштита на животната средина и зачувување на културното наследство по должината на трасата.
„Овој проект не е само инфраструктурен зафат, туку столб на идната енергетска независност. Номагас останува целосно посветена на транспарентна соработка и ефикасна реализација во предвидените рокови,“ велат од менаџментот на компанијата.
Изградбата на интерконекторот има стратешко значење за енергетската стабилност на Македонија и регионот. Со неговото ставање во функција, државата обезбедува диверзификација на изворите на снабдување со природен гас, поголема конкурентност на пазарот и долгорочна енергетска одржливост за индустријата и граѓаните.
Со почит,
НОМАГАС АД Скопје






