„Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија. Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите“, објави Муцунски.
Во рамки на посетата, информира министерот Муцунски, ќе се одржи и првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија, во контекст на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, што претставува значаен момент во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика.