недела, 25 мај 2025

Пристигна хрватскиот претседател Милановиќ, почнаа разговорите со Сиљановска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кoj престојува во посета на земјава. На скопскиот аеродром Милановиќ беше пречекан од министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски.

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следeше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.

Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, процесот на нашата европска интеграција, низ призма на меѓународниот поредок, ЕУ амбиентот, како и регионалните предизвици.   

Обете страни искажаа задоволство од конструктивната соработка во повеќе области и го потврдија многу пати докажаното силно пријателство, засновано на меѓусебното разбирање, почит и подршка.

Водени од актуелните состојби на европскиот континент, но и пошироко, соговорниците укажаа на важноста на усогласениот регионален пристап за справување со безбедносните предизвици.

Македонската претседателка изрази длабока благодарност за цврстата и континуирана поддршка на Хрватска за македонското членство во ЕУ и спремност за проширување и продлабочување на соработката во различни сфери од интерес на двете држави, соопшти кабинетот на шефот на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ