сабота, 24 мај 2025

Прилепска пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024

Прилепска пиварница е добитник на највисокото признание од PepsiCo – BEVERAGES Caleb Bradham Quality & Food Safety Excellence Award for 2024, платинеста награда за извонредност во категоријата „Пијалаци“.

Објавено на

часот

Сподели

Од вкупно 28 наградени производители на храна и пијалаци низ светот, Прилепска пиварница е едната од две фабрики во Европа што ја добиваат платинестата награда. Наградите се доделуваат во четири категории: платинеста, златна, сребрена и бронзена, и ги препознаваат најдобрите производствени капацитети на PepsiCo за извонредни резултати во областа на квалитетот и безбедноста.

Платинестата награда им се доделува на најдобрите од најдобрите, одбрани меѓу златните добитници според строги критериуми, какви што се: AIB International оцена над 925, перформанси на квалитетот и безбедноста на храната и на пијалаците над 98%, без повлекувања или поплаки од потрошувачи.

Дополнително, Прилепска пиварница се истакна со континуирано подобрување на процесите, најдобри перформанси во контролата на параметрите од 3C (capability, control, consumer) платформата и перформансот според AIB, намалување дефекти поврзани со изгледот на пакувањата, како и со спроведување иницијативи за одржливост, заштита на животната средина и социјална одговорност.

„Оваа награда е уште една потврда за посветеноста и стручноста на нашиот тим. Горди сме што ја носиме платинестата награда во Македонија и ќе продолжиме да бидеме препознатлив пример за извонредност и на европско и на глобално ниво“, изјави  Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ