петок, 19 декември 2025

Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“

Со благослови за радост, здравје, бериќет и добрамисла и со заедничка посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“. За прилепчани битно е што се одржуваат традициите, особено што се врати виткањето мали посни сарми со кои градот во 2008 година се запиша во Гинисовата книга на рекорди.

Објавено на

часот

Сподели

Прославата на градската слава и на светецот заштитник се одржа по 20-ти, јубилеен пат.

„Овој јубилеј ни дава уште поголем мотив да продолжиме да ја негуваме традицијата, меѓусебната почит и солидарноста, заедно да градиме и создаваме иднина за генерациите што доаѓаат по нас, не заборавајќи ги основните човечки вредности: почитта, дарувањето и грижата за другиот. Во тој дух продолжуваме да ги чуваме и негуваме локалните традиции и духовноста, градејќи го Прилеп како препознатлива и отворена дестинација, во која секој добронамерен гостин ќе има причина да не посети и одблиску да ја почувствува убавината и богатството на нашата вековна историја и традиција“, порача Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп од пред Параклисот во центарот на градот каде се освети и се пресече славскиот колач.

Со утринската свечена литургија и осветувањето на славскиот колач чиноначалствуваше владиката Петар.

„Прославата на ‘Свети Никола’ е вистинска само нако се придржуваме на делата на светецот Николај кој беше заштитник на децата, морнарите, на сиромашните и даруваше постојано“, рече владиката Петар.

Прилепчани сакаат да продолжи традицијата коа е во корените на опстојувањето. На денешната прослава на градската слава во центарот на Прилеп беше избран и новиот домаќин на прославата во 2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ