ХалкЕк е не е обична апликација која само брои километри. Таа претставува целосно движење што ги менува навиките. Платформата нè мотивира да пешачиме, да планинариме, да трчаме, да возиме велосипед или едноставно, да ја одбереме поеколошката алтернатива во секој момент. За секоја активност, корисниците добиваат еко-поени кои може да се искористат за конкретни придобивки. Но, уште поважно, секој наш чекор придонесува за засадување нови дрвја и создавање поздраво и почисто опкружување, како дел од иницијативата што ја презема Халкбанк. Така сите заедно стануваме дел од мисијата со јасна цел, намалување на еколошкиот отпечаток и создавање поодржлива и позелена заедница.
Во изминатите пет години, Халкбанк има засадено околу 100.000 дрвја, уредено повеќе јавни простори, организирано спортски и едукативни настани, како и проекти за подигнување на еколошката свест кај младите генерации.
Ова лето е вистински момент да се приклучиме кон оваа промена. Дури и со најминималните активности во нашата најблиска околина, можеме да го намалиме негативниот белег кој го оставаме зад нас, додека истовремено се грижиме за сопственото здравје и благосостојба. Халк еко е потсетник дека одржливиот начин на живот не е секогаш сложен како што изгледа – доволни се мали чекори што имаат големо значење.
Токму овој период е од посебна важност бидејќи природата повторно се соочува со сериозни предизвици. Голем број пожари уништија значајни шумски површини низ нашата земја. Затоа, како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“, Халкбанк во соработка со ЈП Македонски шуми наесен ќе започне со нов бран пошумувања на најпогодените локации. Оваа акција е продолжение на посветеноста на Халкбанк кон општествено одговорно делување и заштита на животната средина.
Приклучете се на Халк еко и направете го вашето лето активно, исполнето со движење и корисно за природата. Движете се повеќе, живејте одговорно и оставете зелен отпечаток зад себе. Затоа што иднината што ја посакуваме започнува од нас, од секој изминат километар и секое засадено дрво.
Комерцијален текст






