Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии, кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
„Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, “, се наведува во објавата на МОН, во која се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.
За поддршка при аплицирањето студентите може да контактираат на е-пошта: [email protected]
„Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите што не аплицирале во претходните активни рокови“, додава МОН во известувањето.






