петок, 5 декември 2025

Пријава на СДСМ до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра

Премиерот Мицкоски јавно изјави дека ако објавениот скандал од СДСМ за тендерот од 9 милиони евра е корупција и криминал, нека реагираат институциите, тој нема ништо против. Еве денеска сме пред Државната комисија за спречување корупција, да поднесеме официјална пријава со сите документи, докази и информации што ги објавивме изминативе денови, изјави Петар Огњеновиќ од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што ветивме, нема да дозволиме ова да остане само на прес конференции. Институциите мора да постапат, крадењето на народот да запре и да следува одговорност. Кога фирмата основана пред една година, со само двајца вработени, добива државни тендери од речиси 9 милиони евра, што е тоа ако не шема за испумпување пари од граѓаните?

Кога од шест, дури четири милионски договори се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски тогаш што е тоа ако не фаворизирање на омилени фирми? Ова се истите шеми на Никола Груевски. Христијан Мицкоски е само негов ученик и продолжувач на истите методи.

Денеска ја поднесуваме пријавата, бараме ДКСК да отвори предмет, да спроведе постапка и да ги испита сите елементи. СДСМ ја продолжува борбата против криминалот и корупцијата. Работата сè уште не е завршена“, изјави Огњеновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ