„Сакаме да упатиме демант во врска со објавата на одредени портали дека патниците од населба Ченто се оставени без превоз. Причината поради која имаше прекин на линиите 23 и 45 е сообраќајната несреќа во Автокаманда, булеварот ‘Александар Македонски’ беше целосно затворен“, се вели во информацијата од Јофи бус.
Одредени медиуми објавија информации дека жители на населбата Ченто во Гази Баба до нив испратиле видео на кое се гледало дека во тој момент ниту еден автобус број 23 и 45 не вози и е паркиран на последната постојка во Ченто, позната како последна 45-ка.






