сабота, 28 февруари 2026

Превентивни активности „Стави појас“ и „Користи зимска опрема“ на СВР – Скопје

Превентивни активности „Стави појас“ и „Користи зимска опрема“ се реализираат денеска од страна на Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи – Скопје на подрачјето на ПО – Сарај, на наплатна рампа „Глумово“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„На граѓаните им беше укажано дека користењето сигурносен појас може многу да придонесе за намалување на последиците при евентуална сообраќајна несреќа, а беше потенцирана и потребата возилата да бидат комплетно подготвени за сообраќај во зимски услови“, информираа од МВР.

Во рамки на овие активности, се делел печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ