недела, 29 март 2026

Превентивни активности на СВР – Скопје и ОВР – Кочани

Три сообраќајно – превентивни активности беа реализирани денеска од страна на СВР – Скопје и ОВР – Кочани, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска од страна на Одделението за превенција при СВР – Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на Полициското одделение – Петровец, односно кај наплатната рампа „Миладиновци“, беа реализирани две сообраќајно-превентивни активности, под мотото „Не збори на мобилен додека возиш“ и „Стави појас“. Во рамки на активностите, од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, со пораки за одговорно управување на возилата, согласно позитивната законска регулатива, како и задолжително користење на безбедносен појас за време на управување со моторно возило и задолжително прилагодување на брзината спрема условите на патот, а сè со цел подигнување на безбедносната свест“, информираа од МВР.

Од страна на ОВР – Кочани пак, била спроведена превентивна активност под мотото „Не биди нем сведок, пријави насилство“.

„На граѓаните во директна комуникација им беше посочено да не молчат, туку да пријават насилство, со цел да помогнат на жртвата. Исто така, им беше потенцирано да ги учат децата на емпатија, да се почитуваат, сакаат и да бидат толерантни и да разговараат за врсничко насилство. На истите им беа делени и летоци со едукативна содржина“, додадоа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ