„Овој проект, кој се спроведува во Република Македонија, има за цел зголемување на локалните капацитети и унапредување на општинските услуги, со фокус на одржлив територијален развој и подобрување на квалитетот на животот, особено во пограничните региони“, информираа од општината.
На средбата се разговарало за можностите за идна соработка и заеднички проекти кои ќе придонесат за развој на регионот Преспа, што ги обединува Македонија, Албанија и Грција.
„Градоначалникот Пали Колефски ги запозна претставниците на проектот со богатите природни ресурси и потенцијалите на Пустец во областа на туризмот, археологијата и природните убавини. Од своја страна гостите изразија подготвеност на заеднички идеи со финансирање од Европската Унија“, нагласуваат од Општина Пустец.
Неодамна во посета на Пустец беа претставници од организациите Тетрактус и Геомједис, поддржани од француската Амбасада, чија цел беше вклучување на Преспа во туристичките промоции, со што ќе се придонесе за зголемување на бројот на туристи.






