Како што соопшти кабинетот на Сиљановска Давкова, професорите ја информирале за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето на Филолошкиот факултет во Скопје.
Обајцата ја аргументирале заложбата за измена на Законот за државни награди, заради додавање на наградите „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“.
„За нив, најдобро време за доделувањето на наградите е месец декември, кога објацата се родени: Конески на 19-ти, а Несими на 25-ти. Со гордост истакнуваат дека двајцата биле професори на Филолошкиот факултет и она што е Конески за македонскиот јазик и македонистиката, Несими е за албанскиот јазик и албанологијата“, се вели во соопштението.
Сиљановска-Давкова е убедена дека пратениците ќе ја препознаат оваа благородна идеја и со големо мнозинство ќе го изгласаат Законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди.
За неа, Конески и Несими се духовни великани на македонскиот и на албанскиот јазик, чии имиња одамна требало да симболизираат врвни достигнувања во белетристиката.






