четврток, 11 декември 2025

Претседателот на Управниот суд привремено ќе биде в.д. претседател на судот, одлучи Судскиот совет

Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде вршител на должност (в.д.) претседател на Судот, додека не се избере нов, одлучи Судскиот совет на денешната 533. седница.

Објавено на

часот

Сподели

Како што беше образложено, на 14 декември на судијата Сејдини му истекува мандатот, па затоа се бира вршител на должност претседател до избор на нов.

Сејдини ги исполнил потребните критериуми за позицијата и тој со 11 гласа „за“ беше определен да биде в.д. претседател на Управниот суд почнувајќи од 15 декември годинава.

На дневен ред на седницата е и донесување Годишна програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, со акциски план.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ