сабота, 6 декември 2025

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска учествува на Доха Форумот 2025 што до 8 декември се одржува во Доха, Катар.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од собраниската прес-служба, темата на овогодишниот форум е „Правдата на дело: повеќе од само ветување за напредок“.

На маргините на Доха форумот претседателот на Собранието ќе оствари средба со својот хомолог Хасан Бин Абдула Ал-Ганим, претседател на Советот на Шурата на Државата Катар, потоа со Султан Бин Саад Ал Мураики, државен министер за надворешни работи на државата Катар, како и со шеиката Ал Мајаса Бин Хамад бин Калифа-Ал Тани, претседателка на музеите и културното наследство на Катар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ