На седницата се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав на првиот круг од локалните избори се избрани за градоначалници и тоа Елизабета Стаменкоска – Трајкоска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Проданоски од Прилеп. На местата на Стаменкоска – Трајкоска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4.
Во текот на следните денови во собраниска процедура се очекува да влезе и Буџетот за 2026 година.
Во Собранието деновиве се одржуваше едукативна активност „Имам став“ за ученици од средните училишта во организација на Парламентарниот институт.
Активностите на Собранието беа запрени поради локалните избори.






