Од ВМРО-НП сметаат дека од една страна тој претставува длабоко недемократски чин со кој се застрашуваат граѓаните на Македонија да размислуваат и зборуваат по нивното слободно уверување и убедување, а од друга пак, тоа е удар и врз македонската историја преку обид за судење на историската улога на Ванчо Михајлов „за што не се дрзнала ниту комунистичка Југославија“.
Според партијата, оваа судска одлука ја демонстрира и хипокризијата на македонскиот правосуден систем со оглед на фактот дека масовно на српските одбележувања на битките кај Зебрњак, Брегалничката битка, Денот на победата во Битола како и Валандовското востание, српските претставници го употребуваат терминот „Јужна Србија“, „Стара Србија“ или „ослободување на србите во Македонија.“
„И конечно ваквата одлука би требало да има и понатамошни правни последици со оглед на тоа дека во статутот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно е утврден континуитетот со трите конгреси на ВМРО под водство на Ванчо Михајлов. Во секој случај вакавата судска одлука е срам за македонската демократија и претставува нејзино значително уназадување“, велат од ВМРО-НП.