вторник, 3 јуни 2025

Претседателката веќе одлучила кој ќе биде нејзин предлог за гувернер на НБРМ, но сè уште не го открива името

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка.

Објавено на

часот

Сподели

„Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите, или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш“, изјави Сиљановска-Давкова.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше вчера да го достави предлогот до Собранието, но, од нејзиниот кабинет, информираа дека ќе направи дополнителни анализи по што предлогот ќе го достави до парламентот.

Како што пренесуваат дел од медиумите, како тројца најсериозни кандидати се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

Мандатот на актуелната гувернерка Ангеловска-Бежоска завршува утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ