вторник, 13 мај 2025

Претседателката Сиљановска-Давкова утре на погребот на папата Франциско во Рим

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на погребната миса посветена на nеговата светост папата Франциско, којашто ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан, соопштуваат од кабинетот на претседателката.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти кабинетот на Сиљановска-Давкова, со мисата ќе претседава неговото високо преосвештенство, кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

На последното испраќање на папата на плоштадот Свети Петар најавено е присуство на бројни светски лидери – претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200.000 верници.

Папата Франциско по негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ