Таа во објавата додаде дека овој документ е од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет.
„Тој го потврдува она што повеќепати е докажано, но е важно да имаме уште еден аргумент, особено кога се соочуваме со обиди за негово оспорување. Професорот Дуртаноски зборуваше за важноста на овој калиграфски препис како потврда на посебноста на македонскиот идентитет. Привилегијата покажува дека царот Леополд ја прифатил потребата за заштита на Македонците од турското ропство и ги повикал да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател“, стои во објавата.






