Како што се наведува во денешното соопштение од ДКСК, поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка на комисијата.
„Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, велат од ДКСК.
Сепак, како што се посочува во соопштението, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија од ДКСК ценат дека е исклучително важно Комисијата да функционира во полн состав.
Од ДКСК информираат дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог противпретседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши пак, на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда пак за да се почне постапка за одземање на мандатот на Димитровска. Дотогаш, таа не оси на работа и чека одлука на Основниот кривичен суд Скопје дали обвиненеито против неа ќе биде прифатено.
Потренцира дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да одлучува за оваа прашање.
„Треба да има правосилна судска пресуда. Како што знаете, процедурата е пропишана во Деловникот и за тоа ќе одлучува Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Значи, ако има било каква постапка, треба да се отпочне од таа Комисија. И ако тие одлучат можат да донесат каква било одлука. За разрешување, тие треба да донесат одлука па тоа да се процесира на пленарна седница. Што и да одлучи Комисијата, јас ќе го процесуирам во пленарна седница. Но, да, законот е јасен, значи зборува за не за покренување на обвинение, туку за правосилна судска пресуда. Тоа е делот каде што пратениците треба да размислат. Законски услови се уште нема, но делот на угледот, дали може некој да го води тоа тело а има покренато обвинение, тоа повеќе е работа на етика и углед, достоинственост на водење на таа институција. Сепак, останува на комисијата“, рече претседателот на Законодавниот дом.
Гаши нагласи дека претседателката на ДКСК досега до Собрание нема доставено оставка. Потенцира дека иницијатива за разрешување на Димитровска треба да доаѓа од пратениците.
„Според мене, законските услови не се исполнети. Тие тоа не можат вонзаконски да го направат. Тие сепак ќе треба да одлучат. Таа Комисија има пратеник кој ја води, има правилник за работа. И особено кога избираат вакви важни претседатели на битни комисии, сигурно имало прилика порано како се одлучувало. Гледам дека и во јавноста има резервираност. Не е баш лесно да се влезе во тоа, затоа што некој административно тоа да го оспори, па да оди на Управен суд итн. Внимателни се во тој дел. Да се делува, а да не се направи штета“, рече Гаши.
Димитровска уште во текот на истрагата објави дека нема намера да се повлече од фунцијата, бидејќи смета дека без судска пресуда, секој е невин. По предлог на обвинителството, таа веќе неколку месеци има забрана да постапува во предмети на ДКСК, не смее да прима пошта, а судот и го одзема и пасошот.






