Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека во рамки на предметот Адитив од прибраните докази донесена е наредба за спроведување на истрага за уште три нови осомничени. Оттаму не прецизираа имиња.
Предметот Адитив се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 човек и 5 фирми.
Според обвинителството, осомничените организирале и извршиле пререгистрација на фирми за да ги изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист.