понеделник, 8 декември 2025

Претседателите на Собранието ќе формираат совет за размена на искуства без политички влијанија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретнал со поранешните претседатели на законодавниот дом – Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретнал со поранешните претседатели на законодавниот дом – Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски.

Гаши во објава на фејсбук нагласува дека ова била посебна средба, прва од ваков вид, со институционален карактер, каде што споделиле вредни искуства и идеи за иднината на Собранието како важна институција на државата.

Спикерот Гаши информира дека на средбата било предложено основање на неформален совет каде ќе се разменуваат идеи и искуства без политички влијанија.

„Разговаравме за реформите и процесите што имаат за цел да го направат Собранието понезависно, потранспарентно и поефикасно во вршењето на своите функции. Се согласивме дека искуството на поранешните претседатели претставува предност за институцијата, затоа беше предложено основање на неформален совет, каде што ќе можат да се разменуваат идеи и искуства без политички влијанија, во корист на Собранието и парламентарната демократија. Искрено им се заблагодарив за нивното учество и подготвеност за соработка. Собранието секогаш ќе остане заеднички дом на сите граѓани и место каде што политичките процеси се водат со достоинство и одговорност“, вели во објавата Гаши.

Осве денеска присутните претседатели на Собранието беа и Талат Џафери, Јован Митрески, и сега веќе покојните Љубиша Герогиевски, Љупчо Јордановски и првиот претседател на Собранието во самостојна Македонија, Стојан Андов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ