Според неофицијалните сознанија, предметот се однесува на сомневања за злоупотреба на судиската функција, но детали засега не се соопштуваат, бидејќи претресите сѐ уште се во тек.
Полициски екипи, по наредба на јавен обвинител и со дозвола на Основен кривичен суд Скопје, влегле на локациите уште попладнево. Неофицијално, станува збор за домот на судијата.
Името на судијата Ѓоко Ристов претходно беше поврзувано со Фехми Стафа, поранешен народен правобранител, кој моментално се наоѓа во притвор поради сомневање дека примил 50.000 евра мито.






