петок, 19 декември 2025

Претрес во Чашка поради сомнение за поткуп при избори

Утрово полициски службеници, по добиена судска наредба од Основен суд Велес, извршиле претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, Општина Чашка, поради сомневање за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ.

Објавено на

часот

Сподели

При претресот пронајдени се и одземени 60 банкноти од по 2.000 денари и еден мобилен телефон.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес, а со Г.П. е извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ