петок, 10 април 2026

Претпразнично, над 16.000 македонски државјани заминале преку ГП„Богородица“ и „Табановце“ за 24 часа

На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладе до денеска напладне излез од државава оствариле 6.864 македонски граѓани, а влез 1.394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5.070, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Преку ГП „Табановце“ од 12 часот вчера до 12 часот денеска е регистриран излез на 9.150 македонски државјани, а влез на 3.158 . Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 7.360 а ја напуштиле нашата држава  5.449 лица.

Во истиот период преку ГП „Дојран“ излегле 546 македонски државјани, а влегле 241. Влегле и 1.212 странски државјани, а излегле 1.114.  Преминот „Меџитлија“ во тој период за излез го искористиле 831 македонски државјани, а за влез 129. Преку тој граничен премин во државава влегле 3.347 странски држајни, а излегле 3.038.

Од денеска започна целосната имплементација на системот за влез во Европската Унија со што на надворешните граници на ЕУ се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Од МВР велат дека ги преземаат сите потребни мерки и активности и оти се ставени во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

Со воведувањето на овој систем, влезовите и излезите се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ