Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 13, а максималната од 17 до 22 Целзиусови степени.