Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи.
Утре претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 6 до 11, а максималната од 18 до 25 Целзиусови степени.