Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.

Во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Од утре до средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.






