сабота, 20 декември 2025
Време

Претпладне сончево, попладне дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер и град.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе достигнат до 40 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ