Во Скопје, претпладне ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до минус 2, а максималните ќе достигнат до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурите.






