недела, 13 април 2025

Претежно облачно и студено време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 километри на час), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со врнежи од дожд. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во понеделник ќе биде променливо облачно и студено, а наместа повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ