сабота, 14 јуни 2025

Пресуди за пожарот во модуларната болница во Тетово: Една и пол година затвор за поранешнитe директори на Клиничката болница во Тетово

Една и пол година затвор добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово за пожарот во модуларната болница.

Објавено на

часот

Сподели

Тетовскиот суд ги прогласи Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за тешки дела против општата сигурност, а правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово одговорно за предизвикување на општа опасност, за што доби казна од 1 милион денари.

Ова е втора пресуда за случајот, откако во првата беше досудена условна казна за директорите Бесими и Етеми, која беше поништена од Апелациониот суд во Гостивар.

Во пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 загинаа 14 пациенти и нивни роднини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ