недела, 15 јуни 2025

Престројување и пребројување на „сопартијците“ на Таравари кај Албин Курти во Косово

Оставката на министерот за здравство, Арбен Таравари и официјално ја отвори „сезоната“ на партиско престројување во албанскиот политички блок во Македонија, но најмногу кај членството на неговото (досегашно) крило на Алијанса за Алабанците. По денешните посети во Приштина на неколкумина членови на ова партиско крило, станува јасно дека тој дел од АА веќе нема да го следи Арбен Таравари. Имено, вицепремиерот во македонската влада, Арбен Фетаи, заедно со Азир Алиу, Сирија Рашити и Фета Алими, беа на посета кај премиерот на Косово, Албин Курти. Фетаи на социјалните мрежи објави фотографии од средбата.

Објавено на

часот

Сподели

„На разденување денес, заедно со неколку пријатели по идеал од Алијансата за Албанците, тргнавме кон Приштина, минувајќи по автопатот ‘Арбен Џафери’, пат што за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска. Таму, во Приштина, водевме братски разговор со нашиот пријател, Албин Курти. Она што нè обединува денес, повеќе од кога било, е нашата заедничка визија и идеал за напредок и развој — идеал што не познава граници, ниту пречки“, напиша вицепремиерот Арбен Фетаи.

И поранешниот министер за администрација, Азир Алиу, на неговиот профил напиша дека ќе продолжи да биде дел од Вреди.

„Јас верувам дека определбата за промени во општеството не се напушта при првата пречка, туку се гради со уште повеќе труд! Со голема почит кон претседателот на партијата и неговото право на политичка проценка, чувствувам обврска јавно да кажам дека ќе продолжам да бидам дел од процесот што заедно го започнавме во Вреди и во оваа Влада! – вели Азир Алиу од АА.

Инаку, Арбен Таравари ја напушти коалицијата Вреди со цел на локалните избори да настапи со посебни советнички листи. Поради тоа беше принуден да се повлече и од Владата, додека неговата оставка од функцијата министер за здравство ќе биде констатирана во вторник во Собранието.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ