сабота, 14 јуни 2025

„Пресметката“ од собраниската сала меѓу Апасиев и Ристески, се пресели во ходниците

Низ собраниските ходници денеска се случил инцидент, меѓу пратениците од Левица и ВМРО-ДПМНЕ – Димитар Апасиев и Петар Ристески, познат под прекарот „Пеката“. Реагирало собраниското обезбедување, спречувајќи физичка пресметка од поголеми размери.

Објавено на

часот

Сподели

Според сведоци, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ му се налутил на претседателот на Левица дека му ги објавуваат патните трошоци и почнал со навреди на лична основа, на што Апасиев бурно реагирал.

 

Апасиев и Ристески веќе имаат претходна „историја“ на обиди за физичка пресметка во собраниската сала, која сега продолжила во ходниците на Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ