понеделник, 15 декември 2025

Препораки за топлото време: Работа од далечина, бремените жени и лица постари од 60 години дома…

Поради топлото време, Владата вчера излезе со препораки за заштита од топлото време. На работодавачите им се препорачува од денеска до сабота да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, а се овозможува и работа од далечина и флексибилно и двократно работно време онаму каде што е изводливо.

Објавено на

часот

Сподели

Се препорачува да се одложи работниот процес во периодот од 11 до 17 часот за оние работници кои се изложени на директна топлина.

Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија.

Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита, а тоа се престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалои, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најтоплите часови.

При симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш да се побара медицинска помош да се седи во разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ