„И ова утро, нашите општински служби го подигнаа сметот од подземните контејнери во Дебар маало кадешто надлежност имаат Комунална хигиена и Град Скопје. Одржувањето на хигиената во Центар мора да биде приоритет, затоа што секојдневно се движат голем број граѓани. Како локална самоуправа, веќе неколку пати имаме испратено допис до надлежните институции со барање за поажурно и поефикасно извршување на нивните обврски. Граѓаните заслужуваат чиста и уредна средина, а ние ќе продолжиме да инсистираме на решавање на овој проблем“, изјави Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите.
Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.