понеделник, 15 декември 2025

Преплет на црева е причината за хоспитализација на претседателот на Собранието, Африм Гаши

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има преплет на цревата и е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, но засега не се планира операција, потврди директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, д-р Огнен Костовски.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Пациентот е примен синоќа нешто по полноќ поради преплет на цревата. Ја следиме состојбата и досега немаме одлука за операција. Се работи за преплет црева, но личи на нешто што може да се реши конзервативно. Пациентот е под постојан лекарски надзор“, изјави за медиумите д-р Костовски.

Засега нема одговори на прашањата што МКД.мк ги испрати до Кабинетот на претседателот на Собранието Гаши за неговата здравствена состојба, кога Гаши би се вратил на работните обврски и како ќе функционира Собранието до неговто враќање на работното место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ