сабота, 7 јуни 2025

Премиерот смета дека градоначалничката на Скопје, Арсовска треба да постапи во врска со дивоградбата во Чаир

Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и и ако мисли дека е така, треба да постапува, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја вчерашната постапка на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која од Чаир ги повика надлежните да постапат затоа што на државно земјиште се гради дивоградба.

Објавено на

часот

Сподели

„Таа има ингеренции и ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика, народот нема фајде“, изјави Мицкоски.

Вчера, градоначалничката на Скопје преку пренос во живо на социјалните мрежи информираше дека на државно земјиште во општина Чаир е дозволено да се гради дивоградба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ