„Ние веќе имаме загуби во Буџетот. Дневно имаме загуби. Загуби кои што се бројат најмалку милион евра на ден. Но имаме јасен план и јасна насока каде се движиме и тука не треба да има дилема. Мојата цел не е да се створи паника кај граѓаните, мојата цел е да кажам дека ние како влада владееме со ситуацијата. Предизвици има, тешко е. Се собра многу. Треба да вратиме 2,5 милијарди евра, го враќаме и солидарниот данок, од април почнуваме со исплата на парите од новите колективни договори…но ќе се бориме. Планираме намалување на ДДВ, планираме замрзнување на цените. Да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Да не брзаме со потези, ја анализираме ситуацијата, не сакаме да носиме одлуки под притисок кои подоцна може да имаат сериозни последици. Овие долгови што сега ги враќа оваа влада се резултат на токму такви избрзани политики, политики без стратегија, а и криминални политики од минатото“, изјави Мицкоски.
Премиерот признава дека Буџетот дневно губи најмалку еден милион евра
Имаме дневни загуби во Буџетот, загуби кои од најмалку еден милион евра на ден. Но имаме јасен план и јасна насока каде се движиме и тука не треба да има дилема, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашање во врска со стабилноста на буџетот наспроти преземените мерки со намалувањето на акцизата за горивата поради влошената ситуација го горивата во светот.

Објавено на
часот





