сабота, 28 март 2026

Премиерот очекува поевтинување на бензините и мало зголемување на дизелот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар. Во изјава за медиумите, Мицкоски денеска рече дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат.

Објавено на

часот

Сподели

„Многу внимателно ја следиме состојата со цената на нафтата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу два денари намалување на цената на бензините и иста цена или за половина денар повисока цена на дизелот така што намалувањето на ДДВ-то директно имплицира позитивен ефект“, рече Мицкоски за медиумите по настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје.

Вели дека Владата ќе ја следи состојбата и следнава недела и доколку има потреба ќе биде продолжена мерката за уште две недели или евентуално ќе се оди со нова мерка со акцизите.

Според Мицкоски, не се бележи намалување во користењето на гориво, а потрошувачката во пограничните делови од државата е зголемена односно како што посочи конзумот сега е поголем – околу 200 илјади литри дневно.

„Сега за сега состојбата е стабилна и нема потреба од рестрикции. Намалувањето на ДДВ-то ја намали цената на горивата“, рече Мицкоски.

Во однос на коментарите од опозициската СДСМ за падот на индустриското производство, Мицкоски рече дека точно е тоа дека има намалување, но вели тоа се должи на блокадата на транспортерите.

„СДСМ го изгуби кредибилитетот многу одамна така што ги молам граѓаните и вас медиумите со доза на внимателност да ги следиме пораките што доаѓаат оттаму бидејќи имаат за цел да не наведат на погрешна патека. Зборуваа дека 2025 година ќе банкнотираме и дека државата е пред колапс, а ние сме меѓу првите пет според растот на економијата во Европа. Точно е дека имаме мал пад на индустриското производство поради протестот на камионџиите, но тоа се ќе се надополни во месеците што следат така што се чудам зошто не го коментираа растот во туризмот, градежништвото… Секаде имаме раст, само тука мал пад“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ