понеделник, 15 декември 2025

Премиерот моли темата за пожарот во Кочани да биде оставена на политичките лешинари

Ве молам болката е преголема, се уште сите ја чувствуваме. Ве молам таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во Тетово и посочи дека сочувствува со болката на родителите и семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас сочувствувам со родителите. Ве молам да ја оставиме таа тема на  тие луѓе што навистина чувствуваат голема болка, а не што сакаат ситни политички поени, да добиваат од тоа“, изјави Мицкоски на новинарско прашање за  барањето на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани да се објават снимки од разговорот од средбата која се одржала на 7 јули во Владата.

Инаку, од Владата во неколку наврати посочуваат дека на средбата со семејствата се разговарало со највисока почит, разбирање и внимание за болката што ја носат родителите. Во целост ги отфрлаат и тврдењата дека постои видеоснимка од состанок или од било која друга средба во кабинетот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ