недела, 7 декември 2025

Премиерот Мицкоски уверува дека енергетска криза нема да има

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи.

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот Македонија не остана без гас, односно топланите работеа.

„Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е за работи кои се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто“, изјави Мицкоски, прашан дали по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија треба  да стравуваме од нова енергетска криза.

Мицкоски придружуван од министерот за здравство Азир Алиу денеска беше во посета на ГОБ „8 Септември“, каде беше промовирана нова опрема- хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и третман на спортисти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ