Како што рече Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на Ветерниот парк Штип, и остатантие параметри се исто така гигантски – градежништвото, бројот на издадени дозволи, вредноста на објектите кои се мерат во 20, 30, 40, 50 и 60 проценти повеќе споредено со истиот период лани.
„Ова го зборувам со една цел – дека не може да има силна економија ако на одреден начин не сте ја повратиле довербата во инвеститорите, а довербата се враќа на два начина: првиот е дисциплина во работењето и чесност, а второто – битка со криминал и корупција и владеење на правото“, рече Мицкоски.
Тој информира и дека утрово ја прочитал веста според која Канцеалријата за туризам на ОН ја вметнала Македонија како осма дестинација за туризам во светот, со раст на турсити од 22 процента во првиот квартал оваа година споредено со првиот квартал лани. Тоа, напомена премиерот, е гигантски чекор напред, 22 отсто повеќе туристи.
„Силно сме посветени на економијата зашто силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните идникатори годинава, за разлика од чекорењето наназад изминатите седум години. Во првиот квартал, првите пет месеци, првата половина пд годината, чекориме со гигантски чекори напред“, истакна Мицкоски.






