понеделник, 5 јануари 2026

Мицкоски очекува два ланци маркети да бидат санкционирани заради нефер трговско работење

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува инфлацијата во претстојната година да биде приближно на ниво меѓу два и три проценти што, како што рече, ќе биде пониско од нивото на раст на бруто домашниот производ (БДП). Тој соопшти и дека овој месец ќе има „жестоки акции“ кон два или три ланци маркети поради нефер трговски практики.

Објавено на

часот

Сподели

„Ценам дека внимателната политика на Владата, напуштање на оние политики на воведување мерки коишто знаеме дека еден-два месеца вродија со плод, но тоа потоа се растури во следните месеци и во тие месеци имавме висока инфлација од 4,5 па и близу 5 порценти. Сега е веќе 4, под 4, за оваа година, а за следната очекувам меѓу 2 и 3 проценти. Ценам дека теренската работа на Пазарниот инспекторат, на Комисијата за заштита на конкурентност, која ги анализира нефер трговските практики и жестоко реагира и се покренаа неколку процеси и неколку маркети одблиску ги следиме“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Карбинци.

Како што рече, очекува во овој и наредниот месец, „да имаме жестоки драконски казни за маркетите коишто девијантно се однесуваа“.

„И преку, условно кажано, маркетинг услуги, истражување на пазарот, наметнуваа давачки кои може да се квалификуваат како нефер трговски пракси кон производителите и дистрибутерите на проивзоди во нивните маркети за да имаат подобро место на рафтовите. Многу внимателно следиме. Тоа што молчиме не значи дека не следиме. Во јануари очекувам против два сигурно, а можеби и три такви маркети да почнеме жестоки акции“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ