четврток, 29 јануари 2026

Прелиминарно – Садула Изаири е нов член на Судскиот совет од редот на судии од немнозинските заедници (ВИДЕО)

Комисијата за спроведување на избори на членови на Судскиот совет на РМ од редот на судиите изврши сумирање на изборните резултати за избор на (еден) член на Советот од редот на судиите припадници на заедниците која е повеќе од 20% од населението во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Според прелиминарните резултати, судијата Садула Изаири од Тетово е новиот член на Судскиот совет.

Се гласаше за шестмина судии, а Африм Јакупи, Албанец – судија на Апелационен суд Гостивар доби 67 гласа; Садула Изаири, Албанец – судија на Основен суд Тетово – 179 гласа; Улбер Хасани, Албанец – судија на Основен граѓански суд Скопје – 26 гласа; Хасан Асани, Албанец – судија/претседател на Основен суд Тетово – 25 гласа; Џемали Саити, Албанец – судија на Врховен суд на Република Македонија – 58 гласа; Шпреса Граинца Османи, Албанка – судија на Основен кривичен суд Скопје – 23 гласа.

Во Судскиот изборен именик на ниво на Република Македонија како изборна единица се запишани 418 судии, од кои гласале 390 судии. Неупотребени гласачки ливчиња се 28, а 12 гласачки ливчиња се неважечки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ