Премиерот Мицкоски од утре ќе предводи владина делегација која ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција каде се собираат политичките лидери од светот во пресрет на актуелните прашања поврзани со украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со ЕУ.
Сите се во очекување дали пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, ќе го претстави својот долгоочекуван мировен план во главниот град на германската покраина Баварија.
Во Минхен Мицкоски ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на безбедносната конференција посветена на ЕУ пристапните преговори на Западниот Балкан, како и на панел дискусијата на Форин полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.
Оваа прилика ќе биде искористена за претставување на македонските напори на патот кон ЕУ и потребата Унијата повеќе да се заложи за македонските интеграции и уважување на досегашните напори.
Воедно се очекуваат и повеќе билатерални средби со претставници на ЕУ и негови колеги од регионот.
По завршувањето на конференцијата Мицкоски ќе отпатува за Вашингтон каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на Американската конзервативна партија, поточно ЦПАЦ што е најголем собир на конзервативците.






